Заев: Не ги знам непосакуваните начини доколку не се изгласа законот за ЈО, но знам дека ќе бидат непријатни

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, појаснувајќи ја изјавата дадена вчера во Собрание за време на пратеничките прашања дека доколку не се изгласа Законот за јавно обвинителство до 15-ти септември, ќе мора да се изнајдат непосакувани начини, рече дека не ги знае ни тој, но знае дека ќе бидат непријатни.

-На непосакувани начини се мисли кога државата била ставена во функција да изнајде други начини кога не се изнаоѓале нормални. Таквите начини никој не ги посакува, ни јас. Ако до 15-ти септември не се донесе Законот за јавно обвинителство, завршува мандатот на шефицата на СЈО, но останува мандатот на Специјалното јавно обвинителство, уште една година. Државата ќе биде во непријатна состојба да изнајде непоскувани начин, не ги знам ни јас, но знам дека ќе бидат непријатни. Ќе мора лидерски средби да се одржуваат, да доаѓаат посредници и експерти, државата ќе мора да го најде начинот за да продолжи да работи. Целта е да бидеме одговорни политичари и да седнеме сите да се договориме – рече Заев на прес конференција со помошник државниот секретар на САД, Филип Рикер.

Поврзани новости