Ја уценувал бившата дека ќе објави видео со неа ако не му се врати

by fokus

Тетовец од селото Камењане заработи кривична пријава затоа што ја уценувал бившата дека ќе објави компромитирачка содржина од неа на социјалните мрежи, доколку не ја продолжи врската со него. 46-годишниот Ф.А. ќе одговара за сторено кривично дело „уцена“.

„Во текот на септември и октомври 2018 година пријавениот на жена од село Камењане, тетовско, со која претходно бил во љубовна врска, во повеќе наврати и се заканувал дека доколку не ја продолжи љубовната врска, на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии и видео записи со непристојна содржина“, соопштија од полицијата.

 

Поврзани новости