„Ер трактор“ испратен да го гасне пожарот што се шири со голема брзина кај Илинден

by fokus

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека околу 16 часот избувна нов пожар кај селата Бучници и Ајватовци, на територијата на Општина Илинден во борова шума и се шири со голема брзина. Ангажиран е еден Ер трактор за гасење на пожарот.

-Денеска околу 16 часот избувна шумски пожар кај село Бучинци и Ајватовци – општина Илинден во борова шума. Се шири со голема брзина. Покрај пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита ангажиран е и еден Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), велат од ЦУК.

Поврзани новости