„Ендава“ прославува 3 успешни години во Скопје

by Фокус

Британската компанија Ендава, која може да се пофали со бројни успешни проекти преку соработката со повеќе од 70 клиенти од целиот свет, оваа година прославува повеќе од три години од отворањето на канцеларии во Скопје, а од компанијата најавуваат дека ќе продолжат и понатаму да придонесуваат во развојот на ИТ заедницата.

– „Ендава“ во 2015 се пресели во нашите сегашни канцеларии, каде имаме капацитет за 400 вработени. Особено горди сме на тоа што инвестираме во подобри услови за нашите вработени, но и во најнови технологии и платформи за работа со што одржуваме чекор со најновите трендови во ИТ индустријата. Искусни ИТ експерти и дипломирани студенти имаат можност за одлична кариера и постојан личен развој како дел од „Ендава“. Нашиот фокус кон долгорочен кариерен развој, работа во интернационална средина, директна соработка со клиенти и колеги во различни земји им овозможува на нашите вработени да стекнат и споделат знаење, но и можност да имаат клучен придонес во финалните решенија кои се доставуваат до нашите клиенти – изјави Реми Саву, менаџер на „Ендава“ во Македонија.

Ендава“ во Македонија започнува во јануари 2014 и една година подоцна компанијата се сели во сегашните канцеларии близу влезот на Старата чаршија во Скопје. Кога Македонија била разгледувана како опција за „Ендава“, менаџерскиот тим внимавал на многу аспекти вклучувајќи ја стручноста на нашите ИТ кадри, бројот на дипломци, квалитетот на образовниот систем и отвореноста на државата кон привлекување на нов бизнис. Во моментов, тимот во Македонија брои над 180 вработени, а целта е да се достигне бројката од 400 како дел од долгорочниот план за развој.

Компанијата нуди Програма за Пракса, Програма за дипломирани студенти и Програма за професионална реквалификација која е отворена со цел да се овозможи доедукација и пренесочување на сите заинтересирани кои сакаат да работат во ИТ секторот како тестери на продукти. Ендава“ поседува интерна платформа за обука, сопствена библиотека и програма за кариерен план за секој од вработените, при што континуирано обезбедува внатрешни обуки за постојан развој на своите вработени и подобрување на нивните технички и интерперсонални вештини. Компанијата соработува со студентски парламенти и студентски организации, а има и повеќегодишна соработка со факултетите ФИНКИ и ФЕИТ во Скопје, „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ФИКТ во Битола и Универзитетот на Југоисточна Европа, со цел развој и придонес кон ИТ заедницата.

Во изминатите три години „Ендаванесебично инвестира и во проекти кои имаат хуманитарен карактер, како “IT4charity”, каде локални бендови настапуваа пред околу 900 луѓе и беа собрани 8000 евра за децата од СОС детското село во Скопје. Компанијата има придонесено и до детски домови и има спонзорирано претставник од домот за деца без родители „11 Октомври“ за учество на Интернационалната Олимпијада по физика во 2016 во Цирих, како и група на студенти да отпатуваат на “Mission on Mars Robot Challenge” во Париз. Вработените во „Eндава придонесоа и во креирање на технологија за деца со попречености преку соработка со организацијата “Open the Windows” каде беа изработени неколку едукативни апликации во форма на игри. Компанијата во изминатите години придонесе со време, енергија и споделување на знаење во бројни натпревари, едукативни настани, обуки, работилници, Tech Flow конференции со реномирани експерти и говорници со цел создавање на нови технички подготвени кадри и успешни идни лидери. 

Инаку, „Ендава“ е приватна IT компанија со над 16 години искуство работење со светските лидери во финансии, осигурување, телекомуникации, медии, технологија и малопродажба. Преку понуда на решенија за агилна трансформација, дигитална еволуција и автоматизација, „Ендава“ им помага на клиентите да бидат поефикасни и флексибилни. Ендава“ има над 4000 вработени и канцеларии во Северна Америка, Западна Европа и развојни центри во Колумбија, Молдавија, Романија, Македонија, Србија и Бугарија. Покрај инвестирањето во долгорочни односи со клиентите, „Ендава“ ја препознава и важноста да овозможи содржајни кариери исполнети со предизвици за своите вработени, и преку тоа се етаблира себеси како еден од најпосакуваните вработувачи за најдобрите и најспособните инженери.

Поврзани новости