548
Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон денеска изјави дека европските држави се стекнаа со доволно искуство во борбата против новиот коронавирус и затоа при евентуален втор бран борбата во поголем степен ќе се води на локално ниво.
„Со стекнатото искуство, наместо да се затвораат цели држави ќе можеме да ги обезбедима регионите еден по еден, секоја зона една по една. На тој начин ударот врз економијата ќе биде значително помал“, истакна Бретон.
Тој додаде дека Европа се уште не е целосно излезена од изолацијата и оти продолжува борбата со епидемијата и затоа сите треба да бидат внимателни.