713
Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 145 заразени со корона вирусот, но и двајца починати пациенти.
-Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67г) и Струга (48г), информираат од Министерството за здравство.
Вкупниот број на починати се искачи на 606 случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациент од: Скопје-55, Куманово-31, Дебар-4, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-14, Струга-10, Велес-2, Битола-5, Кавадарци-6, Гостивар-39, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-3, Делчево-3, Свети Николе-4, Кичево-10.