730
Две жени од Кавадарци и една од Демир Капија се новите Ковид-19 позитивни пациенти, регистрирани денес.
Демиркапијката на возраст од 44 години се тестирала пред заминување во странство, според законските регулативи, при што дознала дека е позитивна, додека кавадарчанките на возраст од 25 и 66 години, се тестирале поради пројавени симптоми.
-Станува збор за студентка и пензионерка од Кавадарци, кои не знаат од каде се инфицирале. Со лесна клиничка слика, сите новорегистрирани пациенти остануваат на домашно лекување – потврдија од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Вики Клинчарова