Дури и колегите пријатно ги изненадивме, велат од „Балкан бенд“ кои вчера ја промовираа песната „Железните пари бабини“

by Fokus

Групата „Балкан бенд“ вчера го промовираше спотот за новата песна ,,Железните пари бабини” и за кратко време ги освои слушателите, кои оставаат позитивни критики под линкот со видеото.

Од ,,Балкан бенд” велат дека не се многу изненадени од реакцијата на публиката, бидејќи дале се од себе и го искористиле својот максимум за да го добијат финалниот производ.


-Не радуваат коментарите на публиката. Спотот излезе вчера, а еве не престануваат да ни пристигнуваат пораки. Исто така ни пишаа и доста наши колеги, кои велат дека се пријатно изненадени. Се надеваме дека песната и спотот ќе допрат до публиката, бидејќи ова што го слушате и гледате е направено со многу труд и премногу љубов-велат членовите на бендот.

Автори на песната се: Горан Јовановски – Топче кој го напиша текстот и ја направи музиката, Дејан Момироски -аранжман, а режијата е на Даниел Јовески.


-Видеото всушност е една филмска приказна која ги отсликува стиховите кои ја следат самата тема. Многу веруваме во ова ново музичко парче со наш потпис – велат од „Балкан бенд“. Тие веќе договориле повеќе настапи за ова лето низ клубовите во земјава.
Исто така, познати се и како едни од најбараните на свадбените и други семејни веселби.

 

Вики Клинчарова

Поврзани новости