Познато е колку ќе заработи Македонија за секоја победа на ЕП

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација на 13-ти јуни ја игра првата средба на Европското првенство, а УЕФА денеска ги објави премиите и бонусите за секој позитивен резултат во групната фаза на ова напреварување.

Со секој триумф Македонија ќе инкасира еден милион евра, за реми нашиот национален тим ќе добие 500.000 евра. Во случај ако успееме да обезбедиме нокаут фаза, добиваме дополнителни 1,5 милиони евра.

Самото учество ќе ја наполни касата на Фудбалската федерација на Македонија за 9,25 милиони евра.

Фото – ФФМ

Поврзани новости