Друштвото на писатели побара преиспитување на изборот за лектири

by fokus

Друштвото на писатели на Македонија ќе побара од Министерствата за образование и наука и за култура да ја преиспитаат содржината на лектирите за основно и средно образование.

„Застоена и содржина што не кореспондира со вистинските вредности во делот на класичната  литература, како и со новите трендови во домашната и светската книжевност “, се вели во соопштението на ДПМ.

Оваа иницијатива ќе биде покрената на претстојното редовно годишно собрание, закажано за 22 јуни, најавуваат од ДПМ. Тие ќе побараат од Министерството за култура и од Министерството за образование и наука да ги употребат своите механизми, со учество на независни  експерти од областа на книжевната наука и образованието, за прочистување на лектирата според естетските параметри и реалните очекувања од современиот образовен систем, како и ослободување на изборот на авторите и делата од било какви идеолошки и други нелитерарни мотиви.

Според ДПМ ваквата иницијатива ќе придонесе за афирмација и доближување на вистинските вредности на литература што се создава на македонски јазик и на јазиците на националностите до младите читатели, во контекстот на книжевните вредности што доаѓаат од светот, а тоа ќе го подигне нивото на образованието во областа на уметноста на пишаниот збор.

Поврзани новости