Петиција: Фатиме Фетаи да биде републички јавен обвинител

by Fokus

„За правда во Македонија. Граѓанска петиција за предлог на Јавен Обвинител на Р.Македонија. Правда за секого! Правичност кон секого!“ под ова мото, над 200 граѓани досега ја потпишале он-лајн петицијата за назначување на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи за републички јавен обвинител.

Сепак, за жал, на симпатизерите на обвинителката Фетаи, таа не ги исполнува законските услови за да биде избрана за државен јавен обвинител. Според Законот за јавното обвинителство, кандидатот треба да има најмалку осум години искуство во правосудството, а Фетаи како обвинител работи не повеќе од пет години.

 

 

Поврзани новости