ДПМНЕ и ДУИ со нов предлог закон: Да нема вести без пофални зборови за Владата!

by lali 19:09
19:09

Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ поднесе предлог закон со кој се предлага да се избришат сите вести што се објавени на порталите и да се запалат сите весници во кои има текстови каде работењето на владата се оценува како непродуктивно и текстови што не содржат пофални зборови во корист на Владата. Сите оние медиуми кои тоа нема да го направат, ќе мора да платат казна од 5000 евра и да го затворат својот медиум во период од 15 дена, односно се додека не сфатат дека Владата работи најдобро и најпродуктивно и таа работа е во интерес на граѓаните* и државата. Овој закон вклучува и член за девасиљизација, односно затворска казна од 3 години за секој оној кој ќе го лајкне, шерне, фејвне или ретвитне Влатко Васиљ.

Со оглед на тоа што не се работи за обемен и сложен закон, согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија се предлага овој закон да се донесе по скратена постапка.

- Advertisements -

 

*(оваа група на граѓани не ги вклучува оние граѓани кои се дел од опозицијата)

 

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости