Документарен филм за Дарко Панчев: Не сум Бред Пит, но добро се снајдов!

by Фокус

Не сум Бред Пит, ама се снајдов солидно во снимањето, изјави македонската фудбалска легенда Дарко Панчев на денешната прес-конференција за документарниот серијал посветен нему.

– Филмот е производ на нешто што си направил. Без тоа, не може да се направи филм. Во која било дејност вие може да бидете и да имате среќа да направите огромно богатство. Но, ако немате од аспект на тоа што да се покаже во филмот, не може да го направите филмот. Така да, гледајќи од таа гледна точка, секако дека е на некој начин круна на кариерата – рече Панчев.

Тој откри дека се работи и на автобиографска книга, што треба да излезе за неколку месеци.

-Таа може да биде интересна за некој друг, кој можеби ќе направи игран филм. Нормално, не со мене, туку со прави глумци – додаде Панчев.

Радован Максимовиќ, директор на „Спорт нетворк“ и регионален претставник на „Спорт клуб“, појасни дека планирано е целиот серијал да биде готов до средината на јули и да почне емитувањето од есен.

– Значи, во септември да почне емитувањето, кога сите ќе се вратат од годишни одмори. Ќе се емитува само серијалот, филмот го направивме исклучиво за промоција во Скопје – нагласи Максимовиќ.

Се снимало на неколку локации во Скопје.

Поврзани новости