Примирјето во Судан на стаклени нозе, дали Русија меша прсти во немирите?

by Фокус

Покрај тридневно примирје во Судан, и денеска се слушаат престрелки и експлозии меѓу ривалските страни во главниот град Картум.

Билансот на жртви во борбите кои почнаа минатата недела е троцифрен. Според Светската здравствена организација, за само седум дена загинале над 400 лица, повредени се над три илјади и петстотини, додека илјадници ја напуштија престолнината.

Суданската војска објави дека дипломатските мисии на САД, Велика Британија, Кина и Франција ќе бидат евакуирани од Картум со воени авиони.

Африканската унија, водечките арапски земји и САД повикаа на прекин на непријателствата и продолжување на преговорите за трансфер на власта од војската на цивилна влада.

Војската соопшти дека ќе нема преговори додека не се расформира паравоената група Сили за брза поддршка и предавање на нејзиниот водач Мохамед Хамдан Дагло.

Светските медиуми и разни аналитички центри нагласуваат дека е во блиски релации со Русија и Обединетите Арапски Емирати кои би можеле да бидат вклучени во бизнисот со ископ на злато во Судан.

Судански и регионални извори за „Си-Ен-Ен“ рекоа дека руската платеничка група Вагнер ги снабдува Силите за брза поддршка со проектили, како помош во борбите против националната армија.

Поврзани новости