Договорите со странските инвеститори ќе станат достапни за јавноста, ќе се декласифицираат сите договори склучени како државна тајна

by fokus

Договорите со странските инвеститори во економските зони во земјата ќе и станат достапни на јавноста. Владата на Република Македонија на вчерашната седница усвои барање за декласификација на сите договори склучени како државна тајна.

„Владата смета дека е од особен јавен интерес да биде јавна информацијата што е точно договарано со странските инвеститори и поранешната влада при потпишување на договорите за влез на комапниите во економските зони.

Затоа се усвои барање со кое се бара декласификација на сите договори склучени како државна тајна, кои по спроведувањето на процесот на декласификација, ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста“, стои во соопштението од владината прес-служба.

Поврзани новости