Димовски побара точката да се симне од дневен ред, „против“ гласаа 67 пратеници

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара точката за отворање на Уставот да се симне од дневниот ред на денешната собраниска седница, затоа што, како што рече, Собранието нема легитимитет ниту изборен ниту референдумски да влезе во процедура на уставни измени.

-При составот на ова Собрание ниту една политичка партија или пратеник не дале ветување за промена на Уставот со цел промена на уставното име. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ напиша во предизборната кампања дека нема да го дозволи тоа, а Коалицијата на СДСМ вети дека нема да има промена на Уставот. Ова Собрание нема изборен легитимитет да влезе во ова процедура. За промена на Уставот не постои консултатенивен референдум, а и покрај тоа одлуката донесена на референдумот е заодолжителна – рече Димовски.

Сепак за неговиот предлог да се симне точката од дневен ред гласаа само 39 пратеници „за“, додека 67 пратеници беа против, со што предлогот не беше изгласан.

Дневниот ред, пак, беше изгласан со 71 пратеници „за“ и 40 пратеници против со што почна собраниската расправа.

Поврзани новости