Димитров: Францускиот предлог отвора можност Софија да го блокира и уценува Скопје

by Fokus

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за регионалната телевизија „Н1“ вели дека францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е опасен преседан, кој отвора можност Софија да го блокира и уценува Скопје во текот на целиот преговарачки процес.

Според Димитров, Париз дозволил билатералните прашања со Бугарија да влезат во преговарачка рамка, а спорот со Софија се однесува на македонскиот јазик, идентитет и историја.

– Мислам дека тоа само нѐ оддалечува од она што треба да биде процесот – демократски и економски реформи, копенхашки критериуми. Ова што го имаме е ќорсокак – изјавил Димитров.

Поврзани новости