Џонсон: Владата не го разбра коронавирусот како што треба на почетокот на пандемијата

by Fokus

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, во интервју за „Би-би-си“ по повод една година од преземањето на премиерската полиција, рече дека неговата Влада не го разбрала добро коронавирусот.

-Во првите неколку недели и месеци не го разбравме вирусот на начин како што би сакале. Мислам дека веројатно единствената работа која не ја согледавме на почетокот е тоа во која мера се асимптоматски се пренесува вирусот од човек на човек, рече Џонсон.

Веројатно, рече тој, ќе дојде време кога ќе видат дека некои работи можеле и поинаку да се направат.

-Секако, ќе дојде време кога ќе сфатиме што сме можеле да направиме поинаку, рече Џонсон.

Инаку, британската влада денеска најави дека годинава 30 милиони луѓе бидат вакцинирани против грип за да го спречат притисокот на здравствениот систем во случај на нови бранови на коронавирусот во текот на есента и зимата.

Поврзани новости