Дерковски: Избирачкиот список е во ред, но, никогаш нема да биде идеално чист!

by fokus

Директорот на ДИК, Оливер Дерковски, на денешната прес конференција даваше одговор на прашања за предвремените парламентарни избори на 12 април.

Тој упати апел – сите да ја преземат одговорноста и овој процес да помине во најдобар можен ред.

„Да се потрудиме никој да не каже дека изборите биле вакви или такви. До сега не сме имале случај на злупотреба на лични карти и се надевам дека нема ни за наредниот изборен процес. Што се однесува до избирачкиот список, тој е во ред, редовно се ажурира, но, никогаш нема да биде идеално чист. На него постојано се појавуваат нови лица. Во однос на примената на албанскиот јазик, се употребуваат не само тој, туку и други јазици. Треба да вработиме овластено лице-преведувач за да можеме да го имплементираме во системот тука“, истакна Дерковски.

 

 

Поврзани новости