Дел од Дебар маало утре без вода

by Fokus

Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“ во скопско Дебар Маало.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради дефект на затворач од ф-80 милиметри на улицата „Франклин Рузвелт“ број 50а.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Поврзани новости