Дехари: Најдобар лек против пандемијата е самодисциплината

by Фокус

Откако беше регистриран првиот резидентен случај на корона вирус во општина Кичево, попладнево заседаваше Кризниот штаб кој донесе одлука да се преземат превентивни мерки во насока за изолирање на случајот.

Градоначалникот Фатмир Дехари информираше дека по овој случај имал контакти со министерот за здравство, Институтот за јавно здравје во Битола и вработените во болницата, кои, како што рече, гарантирале дека сомнителните случаи се во изолација, а сите членови кои имале контакти со заразениот ќе бидат тестирани.

Тој информира дека е во постојан контакт со сите институции, во својство на шеф на Кризниот штаб и дека најдобриот лек или доктор за оваа пандемија е самодисциплината на секој од нас.

Поврзани новости