Дали Милевски е со двојни аршини – на Фејсбук против, а во партија „за ” заклучоците?

by Fokus

Претседателот на ЛДП Горан Милевски деновиве се огласи на социјалните мрежи дека е единствениот министер кој е против прифаќање на Францускиот предлог. Меѓутоа Горан Милевски воопшто не присуствувал на Влада ни при усвојвање на Информацијата на Влада ниту при носењето на одлука по усвојување во Парламентот.

Воедно од блиски партиски извори дознаваме дека истиот до Централниот одбор доставил заклучоци кои се усвоени со огромно мнозинство од членовите на ЦО кои имаат право на глас. Оттука пратениците на ЛДП гласале “ЗА” заклучоците по Протоколот на францускиот предлог, кои биле креирани од страна на самиот Милевски, а истите се вградени и во предлогот што го усвои Собранието.

Од изворите на партијата велат дека немало никакви недоразбирања при гласањето и дека она што било донесено како одлука било официјален став на ЛДП пред институциите, односно 51 гласале “за”, тројца против и еден воздржан, но нејасно е зошто Милевски не ја испочитувал оваа одлука и упорно на социјалните мрежи тврди дека партијата не дала согласност за почеток на преговорите и дека некој ја “киднапира” партијата.

Како што посочуваат од партијата единствено преседан е направен од страна на претседателот на ЛДП бидејќи праксата на партијата е одлуките претходно да бидат усвоени од страна на Извршниот одбор, а потоа да заседава централниот одбор, а за првпат истото не било направено.

Јасно е дека играта која ја игра претседалот на ЛДП ни риба ни девојка ги доведува во заблуда и членството и јавноста. Па така до денес останува дилемата што се случува во партијата.

Притоа, Алде каде е ЛДП е полноправна членка меѓу првите го отпоздрави предлогот и прифаќањето на заклучоците во Собранието.

С.Т

Поврзани новости