Да се затворат кафеаните и полициски час од 20 часот, предлага Кризниот штаб

by fokus

Полицискиот час да почнува од 20 часот и целосно затворање на кафеаните и кафулињата. Ова, неофицијално, е предлогот на Главниот кризен штаб, кој произлегол од денешната седица. Досега пак полицискиот час почнуваше од 22 часот, а угостителските објакти работеа до 21 часот.

Од Владата за „Фокус“ појаснуваат дека тие се уште немаат донесено нова рестриктивна мерка, напоменувајќи дека седницата е закажана за во 13 часот.

Предлогот за нови рестриктивни мерки следува по зголемениот број на заразени од Ковид-19, како и исцрпување на болничките капацитети пред новиот пик.

Поврзани новости