Чадиковски негира дека ќе биде кандидат за градоначалник: Мојот живот е медицината

by fokus

По објавената вест во дел од медиумите дека Доктор Владимир Чадиковски, специјалистот по детска хирургија, e еден од можните кандидати за градоначалник кој би бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, тој ги демантира таквите сознанија. Преку објава на својот твитер-профил вели дека политички ангажман не е во неговиот домен на интереси.

„Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене,кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес.“, стои во објавата на д-р Владимир Чадиковски.

Поврзани новости