ДУИ: Даваме поддршка пописот да се спроведе од 5 до 30 септември

by fokus

Демократската унија за интеграција смега дека предлогот за пролонгирање на онлајн регистрацијата на дијаспората од 1 март до 30 септември го помага пописниот процес и обезбедува дополнителни можности за регистрација на целата дијаспора, соопшти ДУИ.

Партијата нагласува дека имајќи ги предвид бојкотот на опозицијата, оспорувањето на процесот на попис, блокадата на Собранието, започнувањето на имунизацијата на населението, како и имајќи го предвид јавното здравје, пролонгирањето на Пописот за резидентните жители на Македонија за септември претставува правилна и правична одлука.

„Контрадикторните реакции на албанската опозиција зборуваат за нивната недоследност и искреност кон граѓаните. Албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) манипулираат со чувствата на Албанците од Република Северна Македонија и нашата дијаспора за профитирање на дневни политички поени”, нагласуваат од ДУИ.

Партијата потсетува дека преку неколку амандмани предложени од пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернатива, се бараше пролонгирање на пописот за одределен период, односно имаше амандман за месец мај, поврзувајќи го тоа со здравствената криза предизвикана од ковид-19.

„Истите партии, откако вчера беше најавено пролонгирање на процесот на попис на населението, денеска преку нивните претседатели, Зијадин Села и Африм Гаши, се спротивставуваат на сопствените амандмани и предупредуваат на блокирање на целиот процес. Ова е само еден доказ повеќе дека тие се будат наутро со една идеја, а денот го завршуваат со крајно спротивни ставови”, се вели во соопштението на ДУИ.

ДУИ им испраќа порака на граѓаните дека даваа поддршка процесот на регистрација да се одржи од 5 до 30 септември годинава, а истовремено ја повикува дијаспората да продолжи да се регистрира на онлајн платформата која останува отворена сѐ до 30 септември.

Секој досега регистриран граѓанин и секој кој ќе се регистрира до 30 септември ќе се вброи во рамки на пописот, нагласуваат од ДУИ.

Поврзани новости