Бузалковска: Изјавата на министерот е „да им дадеме по едно стотче на овие што кренаа галама и да им ја затвориме устата“

by fokus

Театарската режисерка Зоја Бузалковска која си поднесе оставка од Советот за култура по скандалот со доделување средства од Министерството за култура, во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека изјавата на министерот за култура дека повторно ќе се разгледаат проектите кои биле одбиени, е само обид да се замолчат оние кои се побуниле.

-Она што не ми се допадна е дека додатно ќе се разгледаат оние проекти што не поминале. Мене ме интересира дали проектите кои поминале имале целосна документација. И затоа мислам дека треба се направи ревизија на целокупната програма. Мене ова ми личи: ајде на овие што кренаа галама да им дадеме по едно стотче, и на тој начин да им ја затвориме устата и да си ја реализираме програмата. Проблемот е што нема систем. Јас не гледам департизација на културата, рече Бузалковска.

Поврзани новости