Бугарската фудбалска легенда Лечков: Погледнете каде се Македонците, а каде ние!

by Fokus

Пофални зборови за изданието на македонската фудбалска репрезентација има и фудбалската легенда на Бугарија, Јордан Лечков. Тој смета дека нашите фудбалери почнуваат да бидат ценети во Европа.

„Реков уште пред 10 години, да ги гледаме натпреварите во среда и сабота, кои фудбалери играат. Сакам да имаме посилно првенство, помладите да имаат поголема желба за успеси, но тоа не е така. Погледнете каде играат Македонците, а каде нашите играчи. Не ги земам како пример дека сега се пласираа на ЕП, туку општо. Да, во минатото сме имале успеси, но сега ситуацијата не е баш најдобра“, изјави Лечков.

Поврзани новости