Брисел го поздрави гласањето, меѓувладина конференција во вторник

by Фокус

Денешното гласање во Собранието на Северна Македонија го поплочува патот за одржување на првата Меѓувладина конференција идната недела. Ова е суштински чекор на земјата и за ЕУ. Нашата иднина е заедничка и ве чекаме со отворени раце, напиша на Твитер Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

Со слична порака излезе и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Честитки до Северна Македонија за гласањето со кое се овозможуваат условите за брзо отворање на пристапните преговори. Ова беше историска можност и вие ја искористивте“, напиша Фон дер Лајен.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји порача дека веќе во вторник се очекува одржувањето на Меѓувладината конференција.

„Го поздравувам гласањето по неколкудневна дискусија во парламентот со што на владата и се дава чист мандат за почеток на првата Меѓувладина конференција базирана на францускиот предлог. Се радуваме на отворањето на пристапните преговори во вторник кога ќе се сретнеме во Брисел за првата Меѓувладина конференција“, напиша тој.

Поврзани новости