582
Во категоријата на „Куса и остра изјава против СДСМ“ најсериозни кандидати за телевизиската награда „Златна камера 300 (глупости)“ се експертите Ивица Боцевски и Тања Каракамишева, дознаваме од членови во жирото.
И двајцата годинава го исполниле условот од најмалку 300 изјави против опозицијата и со тоа се наметнаа како најсериозни кандидати, меѓутоа се појави сериозен проблем. Имено, Каракамишева смета дека е дискриминирана во однос на Боцевски со оглед на тоа што овој експерт има своја радио-емисија, односно на тој начин нему му е многу полесно да даде повеќе и поквалитетнни изјави против социјалдемократите.