Богоевски побара од Царовска да одговори дали се точни тврдењата на Савевски дека доцни исплатата на социјална помош

by fokus

Пратеникот Павле Богоевски, на денешните пратенички прашања во Собранието, побара од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, да одговори дали се точни тврдењата на Здравко Савевски од „Левица“, дека доцни исплатата на социјална помош.

-Има наводи во јавноста, конкретно од Здравко Савевски член на Ливеца, дека исплатата на социјалната помош доцнела во последниот месец. Таквата практика е неоправдана и недозволлива. Доколку е вистина се согласувам со него – рече Богоевски кој неодамна на тв дебата ги вкрсти копјата со Савевски, кој пак го обвини дека ги изневерил принципите на Шарената револуција.

Богоевски побара од Царовска детали за текот на исплаќање на социјална помош од моментот на конституирање на Собранието до моментот на поставување на неговото прашање.

-Министерството за труд и социјална политика по промена на власта започна навреме да ја исплаќа социјалната помош. Неколу месеци претходно имавме доцнење во исплатата по три месеци. За јули 2017 година сме исплаќале во септември, за ноември сме исплаќале во јануари наредната година. Ние во 2017 со ребалансот обезбедивме 13 исплати наместо 12 за сите социјални права за да обезбедиме редовна исплата. Социјаните траснфери сега се исплаќаат согласно законската обврска за исплата на плата, што значи граѓаните дека на време ги добиваат – рече министерката.

Поврзани новости