Барселона без важен играч на неодредено време

by Fokus

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, го повреди десниот бутен мускул, објави на Твитер каталонскиот клуб.

Враќањето на 30-годишниот Хрват на терен ќе зависи од тоа како се одвива процесот на закрепнување.

Играчот повредата ја влече од настапот за хрватската репрезентација.

Претходно беше објавено дека ќе го пропушти натпреварот Лига на нации против Англија.

Оваа сезона, Ракитиќ одигра 17 натпревари за Барселона, постигна три гола и оствари три асистенции.

Поврзани новости