Бајден: Ако не го признае поразот, војската ќе го извади Трамп од Белата куќа

by Fokus

Кандидатот за претседател на САД од Демократската партија, Џо Бајден, изрази загриженост дека Доналд Трамп би можел да се обиде „да ги украде“ изборите во ноември.

Сепак, тој изрази уверување дека војската ќе го отстрани Трамп од Белата куќа доколку го изгуби гласањето и не го признае резултатот.

– Тоа е мојата најголема загриженост. Овој претседател ќе се обиде да ги украде изборите – рече Бајден во интервјуто за шоуто на „Тревор Ноа“.

Во друга изјава, Бајден рече дека има план како да ја спаси американската економија, која е во слободен пад поради пандемијата од коронавирусот.

Тој изрази уверување дека ќе се справи подобро од Трамп во заштитата на деловните активности и нивните вработени, создавање работни места без преземање непотребни ризици по здравјето.

– Трамп, всушност, има само едно на ум: бизнисите да продолжат со работата. Ова во никој случај не го штити здравјето на работниците, не им помага на бизнисите да останат отворени и не ја зголемува доверба на потрошувачите – им рече Бајден на бизнисмените во Филаделфија.

Поврзани новости