Багерист оставил без струја жители на Слатино

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, жител на Слатино кој работел како багерист, ја оштетил електричната инсталација во селото по што бил приведен.

„Вчера во 17 часот во тетовско Слатино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот Џ.А. од истото село, кој работејќи со багер околу пладне ја оштетил електричната инсталација и го прекинал напојувањето со електрична енергија на повеќе жители во селото. Извршен е увид, а по целосно документирање на случајот на Џ.А. ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости