Уапсен охриѓанец

by Fokus

Полициски службеници од СВР Охрид денеска го приведоа 36-годишниот охриѓанец Г.В., во чиј дом се пронајдени марихуана и саксија со засаден канабис.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид,  пронашле и одзеле кеса марихуана и саксија со засадени растенија канабис сатива.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости