Арсовска: Политичарите како Мицкоски се најголемо ѓубре, ќе ги чистиме и нив!

by Фокус

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, порача дека претпријатието „Комунална хигиена“ се враќа во нормала, а на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски му посочи дека за политички поени прво креира проблеми, а потоа се преправа дека ги решава.

-Нема да дозволиме интересите на мафијашите да бидат пред интересите на граѓаните. Сакам да му порачам на Мицкоски дека е разобличен вечерва, бидејќи сака да креира проблеми на грбот на граѓаните, за политички поени. Таквите политичари се најголемото ѓубре. Од вечерва со чистењето на ѓубрето, ќе ги чистиме и нив – порача Арсовска.

Во врска со снимката на Косана Мазнева, директорка на „Комунална хигиена“, рече дека била во право кога кажала дека ќе се појават стаорци поради нечистење на отпадот.

-Мафијашки структури ја блокираат работата на Комунална хигиена поради лични интереси. Станува збор за лица кои повеќе од 15 лица работеле само една смена – трета смена, спротивно на закон и Колективен договор. Повеќемина од нив не доаѓале на работа, сега дел од нив ја блокираа работата и не дозволуваат останатите 1.300 да ја работат работата. Иако нема најавено штрајк, тие извршија мафијашка блокада – рече Арсовска.

Поврзани новости