Анѓушев се откажа од вицепремиерската плата, ќе ја донира во хуманитарни цели

by fokus

Вицерпремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев се откажа од вицепремиерската плата. Тој својата плата во висина од 81.000 денари ќе ја донира во хуманитарни цели.

„Половина од парите ќе бидат распределени на социјално загрозени семејства, а другата половина за стипендирање на студенти од техничките науки. Побарав список на 200 социјално загрозени семејства на кои ќе им бидат распреледувани парите“, изјави Анѓушев на првата средба со новинарите по назначувањето, на која зборуваше за економските приоритети во неговото ангажирање.

Покрај ова, Анѓушев додаде дека нема да користи државно возило за доаѓање на работа, туку ќе користи сопствено и нема да го оптоварува државниот буџет со ангажман на двајца телохранители колку што му следуваат, туку ќе користи услуги само од еден.

Тој информира дека од вкупно 18 лица колку што работат во владиниот сектор со кој раководи, кога дошол на должност затекол само четворица. Останатите биле на годишен одмор. Анѓушев додаде дека нема да отпушта административци од работа, туку ќе им даде шанса да се прилагодат на новите барања.

Поврзани новости