Англија ја победи Данска за финале со Италија

by fokus

Англија избори прво историско финале на Европското првенство, откако по продолженијата во полуфиналето ја победи Данска со резултат 2-1.

По половина час игра, Микел Дамсгард го совлада Џордан Пикфорд со прекрасен гол од слободен удар.

Неколку моменти подоцна, Симон Кјаер ја затресе својата мрежа по одличната акција на Бакајо Сака.

Клучниот момент пристигна на самиот крај од првото продолжение, кога Стерлинг беше фаулиран за најстрога казна.

Капитенот Кејн шутираше, но Шмајхел одново одбрани, но среќата беше на страна на англискиот голгетер кој прв налета на топката и погоди за 2-1 во 105 минута.

Англија во финалето во фудбалското ЕП ќе се сретне со Италија.

Поврзани новости