Спасовски: Ништо не ги покрива предавствата на ВМРО

by fokus

Нема боја што сокрива криминал и предавства што ВМРО-ДПМНЕ и ги нанесе на сопствената држава и на сопствениот народ, порача попретседателот на СДСМ Оливер Спасовски од трибина во Делчево.

-Истите луѓе кои беа левата и десната рака на криминалците Груевски и Мијалков денес велат дека се реформирале само затоа што ги смениле боите. Граѓаните немаат верба во луѓе кои самите себе не можат да се реформираат. Немаат верба во луѓе кои од ден на ден стануваат се поголеми кочничари – посочи Спасовски.

Тој додаде дека СДСМ е фаворит на изборите, бидејќи, како што вели, граѓаните знаат дека само СДСМ може да го донесе најдоброто за државата.

-Го воспоставивме концептот едно општество за сите, и тука не мислиме на тоа кој на која вера или нација припаѓа, туку говориме за подеднаков пристап до институциите, и оние кои живеат во селата и градовите и оние кои се со основно и оние со високо образование, и за младите и за повозрасните – порача Спасовски.

Поврзани новости