Ангелов: Македонија е во НАТО, а датумот дали ќе биде и во декември ништо не менува!

by fokus

Генералот Стојанче Ангелов испрати пофални зборови за армијата на Македонија по вчерашната вежба со колеги од разнични земји, поради професионалноста и сериозниот пристап.

„Македонија не е поблиску до НАТО, туку Македонија е во НАТО. Денес ја имавме една од најголемите вежби што воопшто некогаш се одржани во Македонија. Практично Македонија е во НАТО, а остануваат само оние формалности, а исто сме на прагот и на ЕУ. Датумот, дали ќе беше во јуни, септември или декември, според мене е извесен. Неколку месеци не менуваат ништо“, истакна Ангелов.

Иако се очекуваше ова лето Македонија да добие датум за преговори со НАТО, сепак тоа ќе се случи во септември, по одлуките на германскиот Бундестаг.

Поврзани новости