Александар Ружин не е веќе најозборуван на социјалните мрежи: Фала ти Диме!

by fokus 15:08
15:08
 

Александар Ружин, член на Централен одбор на ЛДП и магистер по политички науки му е благодарен на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, затоа го симнал од тронот на популарноста на социјалните мрежи.

Младиот бизнисмен Ружин е познат по тоа што со своите провокативни статуси и изјави секогаш е во центарот на јавноста и е една од најкоментираните, а неретко и најкритикуваните личности на социјалните мрежи кај нас. Статусот на својот Фејсбук профил, кој што тој му го посветил на Диме, предизвика урнебесни коментари и шеги.

- Advertisements -

,,Конечно некој да биде попопуларен и од мене на социјалните мрежи. Фала ти Диме“, – напишал Александар, по што следувале коментари дека Спасов успеал да го засени Ружин и дека на сцена дошле некои нови ,,клинци“.
thumbnail_dime-spasov

Ружин вели дека не би сакал да коментира многу околу случајот со Диме, бидејќи се било кажано во самиот статус.

,,Би излегло дека се фалам, ако искоментирам нешто повеќе. Јас уште од 1998 година сум ставен на тапет, и самиот на себе си се восхитувам затоа што се одржувам на површина толку долго време, и сеуште можам да кревам голема фама. Само накратко ќе му се заблагодарам на Спасов што ме тргна од центарот на вниманието“, вели контроверзниот сопственик на приватна фирма.

Тој неодамна се најде во центарот на вниманието откако во јавноста објави приватно видео, во кое што со неговата девојка зборат за тоа, колку многу се сакаат. Веднаш по објавата, се најде на мета на напади, на потсмев и многубројни критики. Тогаш за ,,Фокус“, изјави дека е згрозен поради реакциите на јавноста и не може да сфати како поради љубов му посакале дури и смрт.

,, Реакциите околу мојот клип само зборуваат за огромниот пад на моралните вредности во нашето општество во последните 10 години. За жал куририте на ДПМНЕ се натпреваруваа во своето непристојно лигавење и говор на омраза, за што во секоја нормална држава следуваат законски мерки и санкции. Фрапантно е колку злоба и промискуитет има во одредени коментари, во обид и желба за дискредитација. Дури до таа мера што ни посакаа смрт. А зошто?“, ни раскажа Ружин.

Сега, откако Диме стана најчесто споменувана личност на социјалните мрежи, по драмата со сообраќајната несреќа и настаните поврзани со тоа, очигледно Ружин може малку да здивне.

Вики Клинчарова

Поврзани новости