Спасов: Бев жртва на криминално-полициска местенка!

by Фокус 15:25
15:25

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјала Диме Спасов во интервју на телевизијата Нова се оправдуваше за инцидентот во петок вечер, објаснувајќи дека всушност бил жртва на криминално-полициска местенка, чија цел, според него, била да се наштети на неговиот углед и интегритет.

Тој рече дека неколку лица го бркале и се обиделе да го извлечат од возилото, кое призна дека е во сопственост на Агенцијата за вработување, меѓутоа го коистел со уреден договор и полномошно, бидејќи министерката Фросина Ременски не му обезбедувала услови и простор за работа.

- Advertisements -

-Не е вистина дека удрив до Пасатот кој потоа ме бркаше. Јас ниту приметив, ниту почувствував удар со возилито што ме следеше и од кое излегоа лица коишто се обидоа да ме нападнат. Јас можеби сум се разминал со тоа возило, но не почувствував удар или контакт, а возилото забележав дека ме следи и на два пати не нападнаа – изјави тој.

Спасов истакна дека станува збор за смислено сценарио на опозицијата преку злоупотреба на институциите да му наштети, но за тоа кој и зошто го бркал треба да покаже истрагата и доказите.

Иако заменик-министерот се правда дека бил жртва на заговор и не почувствувал никаков удар, од Министерството за внатрешни работи сооштија дека тој удрил во неколку паркирани автомобили и се дал во бегство.

Поврзани новости