По два часа распит Мијалков си замина од судот

by fokus 15:02
15:02

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, предмалку си замина од Основниот суд Скопје 1 каде што два часа беше на распит како осомничен во случајот „Трезор“ кој неодамна го отвори Специјалното јавно обвинителство.

Новинарските екипи не можеа да му земат изјава на поранешниот директор на УБК, бидејќи службениот влез од каде што излезе беше обезбедуван од двајца специјалци кои претходно на претставниците на медиумите им рекоа да се одалечат од влезот.

- Advertisements -

Во текот на денот или најдоцна до утре се очекува судијата на претходна постапка да ја соопшти својата одлука дали на Мијалков и на уште двајца осомничени во случајот ќе им ги одземе пасошите и ќе им го замрзне имотот.

Случајот „Трезор“ СЈО во јавноста го презентираше на 28 септември. Оттаму отворија истрага по сомнение за проневера на вкупно 862.045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата Управа. За злоупотребата се товарат тројца вработени во УБК и еден во МВР за кои СЈО смета дека проневериле државни пари за лично богатење.

В.В.

Поврзани новости