Афера „Џепарац“

by lali

dime_spasov_0Антикорупциската комисија отвори случај за работењето на поранешниот министер за труд и социјала Диме Спасов, кој беше функционер во владата на Никола Груевски. Спасов влезе во историјата како еден од најмладите министри во Македонија бидејќи стапи на должност кога имаше само 28 години.

„Диме Спасов како министер за труд и социјала ги зголемил пензиите додека сѐ уште неговите баба и дедо му давале џепарлак од нивните пензии. Со тоа ексминистерот директно си ги покачил месечните примања и тука постои сериозен конфликт на интереси“, стои во соопштението на антикорупционерите.

Спасов кратко за медиумите прокоментира дека станува збор за политичка хајка и се закани дека правдата ќе ја бара на суд, но веднаш се премисли – му текна дека нема многу фајде од тоа бидејќи дури и тој беше државен за секретар за правда.

Поврзани новости