Адвокатите на Груевски од судот ги бараат бомбите за да видат дали се сечени, лепени и монтирани

by Fokus

На обвинителна клупа денеска во Кривичниот суд седнаа екс премиерот Никола Груевски и поранешната министерка Гордана Јанкулоска, каде што им се суди за набавката на мерцедесот од 600.000 евра во случајот Тенк на СЈО.

На почетокот ма рочиштето адвокатите остакнаа дека ги бараат прислушуваните разговори од бомбите во аудио форма, бидејќи како што рекоа досега не ги добиле.

Pосочија дека станува збор за едно цд на кое има 8 разговори од кои 4 веќе биле објавени во јавност, што според нив значи дека не можaт да се користат како доказ.

Исто така побараа СЈО да ја докаже својата надлежност, бидејќи според нив тоа досега не го докажале.

Обвинителот од СЈО, Стевче Донев истакна дека Апелација веќе се произнела дека снимките треба да се користат како доказ. Тој посочи дека ова е уште еден обид за одложување, а Груевски му дофрли: Тогаш дајте ни ги снимките.

Обвинителката Ленче Ристоска рече дека апсурно би било да се забранат како докази веќе објавени снимки, бидејќи ќе се доведеме ви контрадикторна ситација.

-Зарем треба да ги занемариме сите информацци кои доаѓаат од разни извори, кои ќе ни помогнат да дојдеме до вистината, истакна обвинителката Ристовска.

Адвокатот Боро Тасевски истакна дека без да ги добијат разговорите во аудио форма за да можат со технички лица да утврдат дали гласовите се на обвинетите, но и како што рече дали некаде се прекинувани разговорите, па продолжувани.

Адвокатот на Груевски, Димитар Дангов, рече дека бомбите биле во правниот поредок бидејќи врз основа на нив било формирано СЈО, но тоа не значело дека треба да се користат во доказната постапка.

– Врз основа на нив, на незаконските стекнати материјали, СЈО треба да обезбеди законски докази. Не сме ние криви што политиката донесе таков закон, искоментира Дангов, заборавајки дека и неговиот клиент Груевски даде зелено светло за формирање на СЈО.

В.В.

Поврзани новости