Во САД нови 1.297 смртни случаи од корона вирусот

by fokus

СAД регистрираа нови 1.297 смртни случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, според извештајот на универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Со тоа, вкупниот број на смртни случаи се искачи на 101.573 лица, што е далеку највисоко од сите земји погодени од пандемијата.

Соединетите држави регистрирале повеќе од 1,7 милиони случаи на заразени од крајот на февруари.

Експертите, вклучително и имунологот Ентони Фаучи, советник во Белата куќа, се согласуваат, сепак, дека официјалните бројки веројатно ќе бидат пониски од реалните.

Поврзани новости