Досега заразени се речиси 2,9 милиони граѓани во светот, починале 200.719

by fokus

Според најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразиле 2.873.619 лица. Од нив починале 200.719, а оздравеле 823.306 луѓе.

– Во Хрватска во последните 24 часа евидентирани се седум новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 2.016 луѓе. Во исто време починаа три лица, со што цифрата на смртни случаи изнесува 54. Хоспитализирани се 316 лица од кои 21 пациент се на респиратор.

– Во изминатото деноноќие во Велика Британија починаа 813 луѓе од последици од Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 20.319. Земјата е на петто место по починати лица, зад САД, Италија, Шпанија и Франција. Во последните 24 часа регистрирани се 4.913 новозаразени, со што вкупната цифра се искачи на 148.377 луѓе.

– Во Шпанија во изминатите 24 часа од последици од новиот корона вирус починале 378 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 22.902. Вкупната бројка на инфирцирани со Ковид-19 изнесува 223.759 луѓе.

– Бројот на новозаразени во Германија се зголеми за 2.055 заразени, или вкупно 152.438 луѓе, што укажува дека втор ден по ред се намалува цифрата на инфицирани од Ковид-19, соопшти денеска Институтот Роберт Кох. Во Германија досега починаа 5.500 пациенти.

– Во Холандија во изминатите 24 часа регистрирани се уште 655 новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани порасна на 37.190. Во изминатото деноноќие од последици од новиот корона вирус починале 120 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи на 4.409.

Поврзани новости