Лидерот на Северна Кореја е во „вегетативна состојба“, се бори за живот

by fokus

Кина испрати свој лекарски тим во Северна Кореја бидејќи лидерот Ким Џонг-ун е во тешка здраствена состојба, објавија дел од западните медиуми.

Додека јапонските медиуми објавија дека Ким е во „вегетативна состојба“ откако претходно му беше извршена операција на срцето.

Јапонскиот весник „Јомиури шимбум“ повикувајќи се на неименувани извори објави дека Северна Кореја подготвува план за непредвидени сличаи односно за пренесување на власта на помладата сестра на Ким, Ким Јо Џонг.

Претходно, јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.

Северна Кореја строго ги контролира информациите, посебно за Ким, кој во земјата има статус на божество.

Поврзани новости