Додека етничките Македонци се секираат што Албанците во Западна Македонија ни „земаа“ во последниве години цели два града, Струга и Кичево, во Источна Македонија каде што не живее скоро ниту еден Албанец, бројот на Македонци за само три години, од 2011-та до 2014-та се намалил колку за населението на цели два града од тој регион.
На долнава табела се дадени бројот на запишани избирачи за изборите во 2011-та и бројот на запишани избирачи за изборите во 2014-та, како и разликата помеѓу нив. Анализирани се само 36 општини од истокот и југот на државата, оти во овие општини скоро целото население е составено од етнички Македонци.
Она што се забележува е дека за само три години во овие 36 општини бројот на Македонците се намалил за над 20 илјади луѓе. Тоа е рамно на збирот на населението на, да речеме Пробиштип и Кратово, или на Делчево и Пехчево, или цела Гевгелија сосе Дојран, или небаре цело Свети Николе сосе Лозово и Градско да ги снемало.