ВМРО-ДПМНЕ: Упаѓањето во домовите и ставањето на лисици на пратеници, уметници и режисери е акт на терор и политички реваншизам

by Fokus

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница најостро ги осуди политички монтираните обвиненија за тероризам и неоснованите притвори кои им беа изречени на партиски членови, уметници, актери и лица поврзани со настаните од 27-ти април.

„Злоупотребата на државните институции кои под политички притисок на власта упаѓаа во домови и ставаа лисици на пратеници е акт на терор и газење на демократијата. Извршниот комитет заклучи дека ваквото безумие од страна на СДС ја турка државата во уште подлабока криза и затоа мора да се преземат идни чекори со кои ќе се стави крај на политичкиот прогон и политичкиот реваншизам – се наведува во партиското соопштение.

Од таму ја потврдија информацијата на „Фокус“ дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучил да му предложи на Централниот комитет на следната седница да отпочне процедура за организирање на вонреден Конгрес на партијата на 23 декември 2017 година.

Поврзани новости