Коѕијас: Мора да се најде компромис за прашањето за името

by Fokus

Мора да се најде компромис за прашањето за името за да се отвори патот на Македонија кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за весникот „Етнос“.

– Во случајот со ПЈРМ, нашите соседи веруваа дека можат да продолжат со приклучување кон овие организации без договор со нас, нешто што е невозможно, додека некои од нас, пак, веруваа дека инертноста во надворешната политика е наше оружје – истакна Коѕијас.

Тој нагласува дека и Атина и Скопје сега сфатиле дека треба да работат врз основа на консензус и компромис.

Поврзани новости